Долго време купував овошје и зеленчук од локалната продавница во мојата населба. Откако сум во брак и имам свои деца, многу ми е позначајно тоа што ќе го купам да биде со екстра квалитет и од наши локални производители, одгледано во еколошки здрава средина и услови. Затоа секоја среда и сабота набавките за овошје, зеленчук, јаткасти производи, мед и производи од мед, како и нашето светски познато БИЕНО СИРЕЊЕ ги купувам директно од нашите производители, од овој пазар.