Градскиот пазар е единственото место во градот каде моите пари вредат повеќе. Веќе неколку години како најголемиот дел од облеката за мене и за моето семејство ги набавувам од трговците кои продаваат на тезгите во градскиот пазар. Истите производи што се по брендираните дуќани, од пазарот ги купувам за најмалку 30% поевтино. Зошто тогаш би ги платила поскапо? Нели?