Со оглед на се поголемиот притисок што порастот на цената на електричната енергија го прави врз нормалното работење на ЈКП Пазари, а во насока на поефикасно задоволување на потребите на клиентите и посетителите на градскиот пазар, во изминатите два месеци се целосно заменети сите стари и неисправни и неекономични светилки со нови економични LED светилки. Во насока на постојано излегување во пресрет на корисниците, започната е пракса на дневна замена на светилките кои прекинуваат да работат.
