Врз основа на член 36, став 1, точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/2025), како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024), а по предлог на Градоначалникот,
Советот на Општина Прилеп објавува:
Јавен повик
за пројавување на интерес за пријавување на кандидати
за избор на член во управен одбор
на ЈКП Пазари-Прилеп
Јавен повик
за пројавување на интерес
за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор
за контрола на материјално-финансиското
работење на ЈКП Пазари-Прилеп
