Согласно годишниот акционен план на ЈКП „Пазари“ – Прилеп, перењето на зелениот дел од пазарот се врши после секој пазарен ден, а перењето на делот од пазарот каде што се продава текстил и друга нерасиплива стока се врши секој петок.
Се молат нашите клиенти да обезбедат пристап до тезгите и просторот околу тезгите, односно да ги отстранат оставените материјали и опрема од под тезгите, како би можело да се направи детално и целосно чистење на пазарната површина.