Имајќи го во предвид напливот на нелегални продавачи на земјоделски и други производи, стационирани на јавни површини, тротоари или паркинг места околу градскиот пазар, ЈКП „Пазари“ – Прилеп писмено се обраќа до надлежните институции за надминување на оваа негативна појава.
Со оглед на фактот што ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ е единствена надлежна институција која може на лице место да ја констатира оваа состојба и да ја одземи стоката која нелегално се продава, посебно испраќаме молба за нивна ажурност.
Во прилог се барањата доставени до надлежните институции: