четврток 17 април, 2025

Реализиран уште еден проект за подобрување на енергетската ефикасност на ЈКП Пазари – Прилеп

Денес градоначалникот Борче Јовчески заедно со ВД Директорот на ЈКП Пазари Игор Крстески, присуствуваа на замената на старата метална и дрвена дограма во деловните простории на ЈКП Пазари со нова ПВЦ, со што се реализира проектот за намалување на аеро загадувањето. Овој проект беше финансиран со средства обезбедени преку Програмата за намалувањето на аеро загадувањето од 2021 година, чија цел е преку подобрување на енергетската ефикасност да се влијае врз намалувањето на концентрацијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките.

Потоа, ВД Директорот му ги презентира на градоначалникот Јовчески и претходните два проекти, активирањето на фотоволтаичниот систем и целосната замена на старите светилки во пазарот со нови лед светилки, како и придобивките од реализацијата на истите.

Градоначалникот воедно оствари и бројни контакти со пазарџиите во градскиот пазар и од прва рака се информира и за проблемите што ги имаат како и начините за нивно побрзо и поефикасно решавање.