вторник 26 мај, 2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА УО и НО

Со поединечни решенија донесени од страна на Градоначалникот на Општина Прилеп, СИТЕ ОБЈАВЕНИ ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИ ОДБОРИ И ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИ ОДБОРИ СЕ ПОНИШТЕНИ.Советот на Општина Прилеп, на одржана седница, донесе одлука, односно поединечни одлуки, јавните повици за избор на членови на управни и надзорни одбори да бидат повторно објавени на ден 09.01.2026 година.

Се известуваат сите лица кои доставиле апликации по поништените Јавни повици за избор на членови на управни одбори и Јавни повици за избор на членови на надзорни одбори објавени на ден 22.12.2025 година, дека истите можат лично да ги подигнат доставените апликации и целокупната придружна документација во Приемното одделение на Општина Прилеп, секој работен ден, во периодот од 08:30 до 15:30 часот.Дополнително, се информираат заинтересираните лица дека повлечените апликации и доставената документација можат повторно да се искористат, со задолжително приложување на нов, уредно пополнет формулар за пријавување, согласно условите утврдени во новите јавни повици, кои ќе бидат објавени на 09.01.2026 година.Ова известување се објавува заради навремено, транспарентно и целосно информирање на јавноста и сите засегнати лица.

ПОНИШТУВАЊЕ НА ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА УО и НО на …

ЈКП Пазари - Прилеп